Суарес вети дека нема да се радува ако даде гол на „Енфилд“

Голгетерот на Барселона, Луис Суарес, изјави дека доколку постигне гол на гостувањето против Ливерпул, нема да прославува од почит кон својот поранешен клуб. Ова е пресврт во размислувањето на Уругваецот, кој пред една недела, кога ја затресе мрежата на Црвените, се радуваше како да дал гол против најголем душман и го налути фановите на овој англиски клуб.

„Нема да славам ако дадам гол на ‘Енфилд%. Не славев ниту кога во дресот на Ајакс бев стрелец против Гронинген. Враќањето во Ливерпул е посебен момент за мене, му благодарам на клубот Ливерпул за тоа што го направи за мене“, вели Суарес.

Каков ќе биде приемот кај домашните, останува да се види. Поголеми се шансите да добие аплауз од публиката, но сигурно има и такви кои уште му се лутат за прославата на првиот меч кој заврши 3-0 и го стави Ливерпул во речиси невозможна ситуација да оди во финалето. Суарес предупредува и повикува на внимателност.

„Ливерпул има играч повеќе, а тоа е публиката. Мораме да внимаваме на сите детали. Знам дека тие ќе притиснат од почеток, не смееме да правиме глупави грешки. Треба да останеме смирени и да покажеме дека сме ја научиле лекцијата од Рим“, додава „канибалот“.

- Оглас -

Најнови вести