Суботиќ вон животна опасност, брзо ќе се врати на терените

Дефанзивецот на Сент Етјен, Невен Суботиќ, брзо ќе закрепне од страшната повреда која ја претрпе во дуелот против Бордо. Исеченицата на главата не создаде дополнителни проблеми, па се очекува да се врати на терените за десетина дена, а дотогаш ќе мора да одмара по совет од специјалисти.

Српскиот стопер во текот на првиот дел од средбата доби нокаут со колено во главата, и тоа од својот клупски колега, голманот Стефан Руфие, по што Суботиќ остана да лежи на тревата. Лекарскиот тим брзо интервенираше, а набрзо потоа дефанзивецот беше одведен во болница.

Од клубот очекуваат да биде подготвен пред почетокот на зимската пауза, односно за дуелот против Дижон, кој е закажан за 22-ри декември, додека ќе ја пропушти средбата против Ница една седмица порано.

- Оглас -

Најнови вести