Судар на културите во Грозни – Редарите беа побрзи од хулиганите, спречен масакр во Чеченија (Видео)

Навивачите на Зенит и домашните симпатизери на Ахмат Грозни имаа куса битка на трибините што, за среќа, со брза интервенција на редарите, кои направија ѕид меѓу двете групи, беше навреме смирена.

Мечот се играше во рамките на Рускиот куп, а во моментот кога гостински навивачи ги соблекоа маиците и останаа голи до појас, беше знак за симпатизерите на Ахмат да тргнат во офанзива.

Во Чеченија е забрането да се открива било кој дел од телото и тоа фановите на Ахмат го сфатија како провокација. Офанзивата за среќа беше благовремено спречена за да не дојде до голем хаос, што можеше да донесе и повредени, па и жртви.

Мечот заврши со победа на Зенит со 2:1 по продолженија.

- Оглас -

Најнови вести