Судиите направиле катастрофална грешка во најдраматичниот меч на ЕП (Видео)

Германија максимално го користи домашниот терен на Европското кошаркарско првенство, па Панцерите по три одиграни меча имаат максимален учинок. За разлика од Германија, Литванија е најнепријатното изненадување со три порази од три дуели.

Токму мечот меѓу Германија и Литванија е највозбудливиот во досегашниот дел од континенталниот собир, а на крајот Панцерите се радуваа со 109:107 и тоа по дури две продолженија.

По мечот, Литванците се жалеа за момент кој се случил кон крајот на третата четвртина. Јонас Валанчунас беше фаулиран, а германскиот селектор протестираше за што доби и техничка грешка. Според правилата, Валанчунас требаше да изведе едно слободно фрлање поради техничката, а потоа уште две за фаулот. Сепак, судиите му дадоа само две слободни фрлања за прекршокот, а го „заборавија“ слободното фрлање за техничката.

Од ФИБА признаа дека имало грешка, но додадоа дека Литванците не се бунеле во предвидените 60 минути по мечот.

„Жалбата не може да биде усвоена затоа што протестот е доставен по предвидениот рок, а тоа е 60 минути по завршување на мечот. Дури и жалбата да била доставена во предвидениот рок“, стои во соопштението на ФИБА.

- Оглас -

Најнови вести