Судијата им дели жолти и црвени картони на оние кои не почитуваат социјална дистанца (Видео)

Еден фудбалски судија во Бразил реши на свој начин да се занимава додека трае принудната пауза во фудбалот. Арбитерот повторно го облече дресот, ги зеде картоните и со свирчето во уста реши да тргне во акција.

Судијата излезе на улица и започна да ја „дели правдата“. Тој им делеше жолти и црвени картони на оние кои не ја почитува социјалната дистанца од два метри, но и на оние кои шетаа низ улиците без маски на устата и носот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести