Судијата што го оштети Милан плачел по мечот, топ е гестот на Росонерите (Видео)

Марко Сера ќе биде суспендиран по катастрофалната грешка на дуелот меѓу Милан и Специја, со која ги оштети Росонерите во финишот и по која наместо победа, домаќините претрпеа пораз.

Сера не дозволи да продолжи акцијата во која Ребиќ беше фаулиран, но успеа во пад да му асистира на Месајас за гол и предност на Милан од 2:1. Арбитарот досуди фаул, а потоа во последните моменти од мечот Специја даде гол и победи на „Сан Сиро“ со 2:1.

Италијанските медиуми објавија дека Сера бил депримиран и плачел во соблекувалната по мечот, свесен дека тешко го отштети Милан.

Играчите на домашниот тим предводени од Златан Ибрахимовиќ забележале дека нешто се случува со Сера и го посетиле во соблекувалната.

Гестот на Росонерите е топ, иако загубија многу важни бодови во битката за Скудетото во Серија А, па го тешеле Сера со зборовите: И ние грешиме и на сите може да им се случи ваков кикс“, објави „Газета дело Спорт“.

 

- Оглас -

Најнови вести