Судијка му покажа црвен картон на еден – навивач (Видео)

Необична ситуација се случи на еден натпревар помеѓу две женски екипи од Аргентина. Судијката Роберта Ечеверија, реши да исклучи еден навивач кој беше на трибините, поради неговите постојани навреди кон девојките кои играа за едниот тим. Ечеверија побара помош од полицијата, но некултурниот навивач сам си замина од трибините откако судијката го побара тоа од него.

Инаку, навивачот всушност е татко на Милагрос Менендес, која е репрезентативка на Аргентина и го даде едниот гол на овој меч кој имаше краток прекин.

Интересно е што 29-годишната судијка е поранешна фудбалерка и играла за тимот чии фудбалерки беа навредувани од таткото на Менендес.

- Оглас -

Најнови вести