Суеверните веќе на големо зборуваат дека клетвата на Дарах го фати Ливерпул

Суеверните љубители на фудбалот, особено во Велика Британија, по третиот пораз на Ливерпул во последните помалку од две недели, веќе на големо зборуваат за проклетство и дека ги фатила клетвата од 10-годишниот Дарах Карли. Откако младиот навивач на Манчестер јунајтед му напиша писмо на Јирген Клоп со молба да почнат да губат натпревари, дотогаш недопирливите Црвени одеднаш веќе не играат толку добро и наредија три порази на последните четири меча во сите натпреварувања.

Испаднаа од ФА купот, загубија и во Премиер лигата, каде што титулата нема да им побегне колку и да губат, а во опасност им е одбраната на титулата во ЛШ. Со Клоп на клупата, Ливерпул никогаш не бил елиминиран во еден двомеч.

Најпознатата фудбалска клетва ја има фрлено Бела Гутман, кој во 1963 година ја проколна Бенфика во наредните 100 години да не види европска титула и на добар пат е тоа да се оствари, иако во тие 60-ти години од минатиот век не делуваше дека Бенфика толку долго ќе остане без најпосакуваниот европски трофеј.

 

- Оглас -

Најнови вести