Супер интересен натпревар на „Максимир“: Ериксен даде голчиште, но трите бода се за Хрватска (ВИДЕО)

Најинтересната средба од „елитната“ фаза на Лигата на нациите се одигра на „Максимир“, каде што Хрватска со 2:1 ја победи Данска во рамките на групата 1.

Борна Соса во 49-тата минута ја донесе првата радост за домаќините. Додека, пак, во 77-мата минута Кристијан Ериксен постигна голчиште од околу 25 метри.

Веднаш потоа, хрватскиот селектор Златко Далиќ се одлучи да направи измена и да го извади Матео Ковачиќ, а да го стави Ловро Мајер во игра.

Оваа замена ја спомнуваме бидејќи Мајер само по неколку секунди минати на теренот им ја донсесе победата и првото место на Коцкестите во оваа група.

Хрватска сега има 10 бода и е лидер, додека Данска е второпласирана со еден бод помалку.

- Оглас -

Најнови вести