Супер кам-бек на Бердих, прв турнир по 6 месеци и веднаш меч за титула

Томаш Бердих се врати на тениските терени на прекрасен начин и ќе игра во финалето во Доха, откако претходно 6 месеци паузираше поради повреда на грбот.

Во полуфиналето чешкиот ветеран успеа да го победи четвртиот носител Марко Чекинато со 7:6(8) и 6:3 и утре ќе игра за титулата на турнирот во Катар против Роберто Баутиста Агут.

Бердих ќе игра за 14-та титула во кариерата, но поважно му е што успешно се врати на тениските терени на 33-годишна возраст. И има подобар биланс од Баутиста во меѓусебните дуели и води со 5:2, иако Шпанецот ќе биде фаворит, бидејќи е подоброрангиран во моментов и е седми носител на турнирот во Доха.

- Оглас -

Најнови вести