Супер резервата Жиру го однесе Челзи во осминафиналето на ЛШ (Видео)

Челзи и Севилја извојуваа драматични победи на гостувањата кај Рен, односно Краснодар и се пласираа во осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, а кој ќе го освои првото место во групата, веројатно ќе пресуди нивниот меѓусебен дуел во Шпанија.

Челзи до триумф во Франција дојде со голот на Французинот Оливие Жиру, кој влезе во игра во второто полувреме. Победничкиот гол вреден пласман во осминафинале падна во 91-вата минута. Челзи првпат по пет години во ЛП има серија од три победи по ред.

Севилја славеше во Русија со 2-1, а јунак беше Мунир ел Хадади со погодок во 95-тата минута. Ова значи дека Севилја е меѓу 16-те најдобри во Европа и дека нема да се пресели во нивното омилено натпреварување Лига на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести