Супер типот на Sport Life е мерак за обложувачите, денеска има едно чудо фаворити со топ-коефициенти (Фото)

Манчестер сити е апсолутен фаворит во новиот Супер тип на Sport Life и лидерот во Премиерлигата го предводи „орото“ на фаворитите со коефициент од 1.39 за победа против Евертон во четвртфиналето на ФА купот на Англија, денеска од 18.30 часот.

Се игра само еден меч, на „Гудисон парк“, но како игра Сити и тоа нема да биде пречка за нова победа. Двете екипи играа во Ливерпул на 17. февруари и Манчестер славеше со 3:1, па и сега е голем фаворит.

Ако сакате поголеми коефициенти како специјален џокер од Супер типот на Sport Life, единицата на Хамбургер против Хајденхајм во меч од Втората германска лига изгледа реално, а коефициентот е 2.07.

Популарниот ХСВ е на два бода од врвот на табелата и мора да победи, ако сака да остане фаворит за пласман во Бундеслигата, што е шанса да типувате на домашна победа со одличен коефициент од Супер типот.

Сличен е и коефициентот за „кец“ на Ајнтрахт Франкфурт против Унион Берлин, во дуел на две екипи што се хит во Бундеслигата. Сепак Орлите имаат подобар тим и вреди да се обидете да одиграте на победа на домашниот тим за квота од 2.05.

Интересно е што по подолг период понудата е исклучиво од фудбалски натпревари, ги има 16 со вкупно 80 различни комбинации.

 

 

- Оглас -

Најнови вести