Супер тип: Ролан Гарос носи драми и убави коефициенти, играјте и на вечното српско дерби во АБА лигата (Фото)

Супер типот на Sport Life има одличен микс од различни спортови и 16 натпревари со вкупно 38 различни варијанти на игри и сите се со зголемени коефициенти во однос на стандардната понуда во билтенот на обложувалницата.

Стартот е со фудбалски натпревари во Јапонија, а ги има два и почнуваат точно напладне.

Во истиот термин од 12 часот во четвртфиналето на Ролан Гарос ќе има руски дуел меѓу Вероника Кудерметова и Дарија Касаткина, а во истиот термин се игра и мечот меѓу Коприва и Андухар на турнир во Чешка.

Ролан Гарос понуди врвен тенис, а во завршницата денеска има уште два дуели во машка конкуренција што ветуваат неизвесни натпревари за пробив во полуфиналето.

Рублев е фаворит против Чилиќ, а тука може да се бира што да се одигра, едниница, или двојка со специјални квоти.

Подоцна од 20.45 часот ќе играат и Руд и Руне во последното четвртфинале на гренслемот во Париз.

Претходно од 20.30 часот се игра третиот меч од финалето во АБА-лигата меѓу Партизан и Црвена ѕвезда.

Овојпат Партизан е домаќин и е фаворит со специјална квота од 1.60 за победа, а таа им е императив по двата порази како гости.

За крај на понудата е полноќниот НХЛ-меч меѓу Њујорк ренџерс и Тампа беј лајтнинг, што ќе го означи и стартот на финалната серија на Истокот и почеток на возбудлива плејоф-серија за пласман во големото финале и битка за пехарот во Стенли купот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести