Суперѕвездата во еспорт поради здравствени проблеми замина во пензија на 23 години!

Најпознатиот кинески еспорт играч Јиан Жао, потврди дека се повлекува. Здравствените проблеми се главната причина поради која Жао на само 23 години реши да стави крај на оваа негова кариера.

Жао беше  професионален гејмер уште од 2012 година, а негова специјалност му беше играта „ League of Legends“, каде беше познат под прекарот Узи. Одлуката за повлекување, гејмерот ја сподели на кинеската социјална мрежа Веибо, каде го следат преку пет милиони луѓе.

„Жал ми е што морам да ве известам, но гордо ја донесов одлуката да се повлечам. Поради долгогодишното останување буден доцна во ноќта, лошата исхрана и огромниот стрес, минатата година дознав дека сум дијабетичар. Го променив распоредот, начинот на исхрана, почнав да вежбам, да користам лекови, но немаше подобрување на мојата здравствена состојба. Докторот ми рече дека може да се случат сериозни компликации доколку не прекинам со играњето. Им благодарам на моите навивачи кои беа со мене во изминативе години“, напиша Жао.

Кина е вториот најголем пазар на Еспортот, но поради штетноста од предолго седење на компјутери, властите во оваа земја забрани на помладите од 18 години да играат онлајн игри во периодот од 10 навечер до осум наутро.

 

- Оглас -

Најнови вести