Брутална казна за понежниот пол – Загубија со 1:5, веднаш им го расформираа клубот

Сурова судбина доживеа шведскиот фудбалски првак во женска конкуренција, а шокантно клубот е расформиран и нема да игра ниту во домашното првенство.

Одлуката за распадот на тимот што двапати по ред играше во женската Лига на шампиони е донесена на 17. декември, по елиминацијата од Манчестер сити со вкупен резултат од 1:5, а од денеска е и официјална.

На фудбалерките им е соопштено дека слободно можат да си бараат други клубови за да ја продолжат кариерата.

„Спонзорите не сакаат веќе да вложуваат во женскиот фудбал. Гетеборг нема да игра ниту во домашното првенство“, објавија од клубот.

Пред две години Гетеборг го елиминираше Манчестер сити со 8:0, сега загубија со вкупни 1:5, па во клубот процениле дека нема напредок и шведскиот првак нема да постои.

Ваквата одлука наиде на остри критики во Шведска, особено по одлуката на претседателот Петер Бронсман да не поднесе оставка.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести