Светот во шок: Тренерот на Данди дава изјава, а во заднина трча Марадона?! (Видео)

Од Шкотска дојде една снимка која ги остави во шок сите коишто ја видоа. Некои велат духот на покојниот Диего Марадона се појавил на тренинг на Данди јунајтед, други ќе тврдат дека Марадона е жив, а трети веруваат дека станува збор само за човек кој неверојатно личи на славниот Диего.

Според фризурата и облеката, тој што трча навистина многу потсетува на големиот Марадона, кој почина во ноември 2020. Марадoна својот прв гол за Аргентина го постигна токму во Шкотска, а Данди јунајтед пред повеќе од 20 години сакаше да го донесе Марадона во своите редови, во времето кога таму играше колегата на Марадона од аргентинската селекција, Клаудио Каниџа.

Тренерот на Данди јунајтед дава изјава, а зад него џогира „Марадона“. Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести