Светскиот првак е во нокдаун, првиот удар го зададе Сеферовиќ (Видео)

Харис Сеферовиќ брзо го фрли светскиот првак Франција во нокдаун, а со неговиот гол во 15-тата минута, Швајцарија води со 1:0 по првото полувреме во шесттото осминафинале на Европското првенство.

Шпицот на Швајцарците мудро се постави во дуелот со Ленгле и со моќен скок и удар со глава ја затресе мрежата на Љорис за убава предност на аутсајдерот по првиот дел.

Голот на Сеферовиќ можете да го погледнете ОВДЕ.

Франција, зачудувачки, не упати ниту еден директен удар кон голот на Јан Зомер, но има уште едно полувреме за да избегне сензација и елиминација уште во осминафиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести