Светскиот првак се плаши од ковид-19: Челзи му дозволи на Канте да не доаѓа на тренинг

Челзи му дозволи на Н’голо Канте да не присуствува на групните тренинзи бидејќи светскиот првак се плаши од ковид-19. Сосема оправдано Канте стравува да не се зарази со корона-вирусот ако се знае дека пред две години имаше незгода откако загуби свест за време на еден тренинг, како резултат на проблем со срцето.

Неговиот брат почина во 2018 година од срцев удар, што е доволна причина за Канте да се грижи за неговото здравје. Сините му дозволија на Французинот да тренира во домашни услови, а клубот ризикува да биде без услугите на Канте до крајот на сезоната во случај Премиер лигата да продолжи со натпреварување.

Според лабораторијата за Национална статистика во Велика Британија, црномурните луѓе имаат двојно поголеми шанси да се заразат, односно да починат од ковид-19, известуваат англиските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести