Светскиот рекордер по бројот на титули, преку оглас бара работа

Капитенот на бразилската репрезентација Дани Алвес покажа дека и во 36-тата година од животот игра во одлична форма. Пред неколку недели, Алвес беше предводникот на Кариоките во освојувањето на титулата во Копа Америка, а дефанзивецот беше прогласен и за најдобар играч на турнирот.

За Алвес тоа беше 41 трофеј во клупската и репрезентативната кариера, што е светски рекорд. Ниту еден друг фудбалер во историјата на фудбалот не може да се пофали со толку многу трофеи во кариерата.

Иако е светски рекордер, Алвес моментно е слободен играч. Летово заврши неговиот договор со Пари Сен Жермен, а моментно нема клуб кој би сакал да го ангажира прославениот Бразилец. Токму затоа, Алвес реши преку социјалните мрежи да побара нов клуб.

„Барам работа. Каде да ја испратам мојата автобиографија“, напиша Алвес, кој во кариерата освен аз ПСЖ, има играно и за Бахија, Севилја, Барселона и Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести