Светскиот шампион шокира со изборот на новиот клуб

Еден од најдобрите ракометари на денешницата Микел Хансен ја шокира ракометната јавност со својот избор околу новиот клуб. Имено, Хансен ќе го напушти ПСЖ во летото 2022 година, кога му истекува договорот, со цел да се врати во родната земја.

Според француските медиуми, Хансен ќе ги брани боите на Алборг, односно во Данска ќе се врати по една деценија пауза, откако последно играше за Копенхаген од 2010 до 2012 година.

Со ПСЖ, 33-годишниот бек доминираше во Франција, меѓутоа и натаму трага по титула во Лигата на шампионите, која ќе се обиде да ја освои со Светците пред своето заминување.

На репрезентативно ниво, Хансен со Данска освои сè што можеше да се освои – Има едно олимписко злато, две злата и две сребра на Европските првенства, исто така има два златни и два сребрени светски медали, од кои едното злато го освои пред околу еден месец на Мундијалот во Египет.

- Оглас -

Најнови вести