Репрезентацијата на Германија е освојувач на бронзениот медал на женскиот фудбалски турнир на Летните олимписки игри во Париз откако во мечот за утешната награда го совладаа фаворитот Шпанија со 1-0.
Единствениот гол на натпреварот беше дело на Џулија Гвин во 64-тата минута од пенал.
Во финалето на женскиот фудбалски турнир на Олимпијадата ќе играат селекциите на САД и Бразил.