Sвездата на Баерн е незадоволна, сака да игра за Барселона

Бенжамен Павар по четири години престој во Баерн Минхен, одлучи да си замине и да бара нова фудбалска средина. Францускиот дефанзивец за својата одлука веќе го информирал раководството на клубот, а неговиот договор истекува следното лето.

Одлуката на Павар е прифатена и тој ќе може да си замине, а неговата следна дестинација најверојатно ќе биде Барселона, која силно го посакува Французинот во своите редови.

Павар во 2019 година пристигна во Баерн за 35 милиони евра од Штутгарт, а претходно настапуваше уште за Лил. Со репрезентацијата на Франција го освои Светското првенство во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести