Sвездениот Ал-Итихад поразен на гостувањето во Ирак од екипа за која ретко кој слушнал (Видео)

Sвездениот Ал-Итихад со Бензема, Канте и Жота во составот загуби на гостувањето во Ирак од екипа за која ретко кој има слушнато. Тие беа поразени со 2-0 од составот на Ал-Кува Ал-Џавија, односно екипата на воздухопловните сили на Ирак.

Сензационалната победа на Ирачаните ја донесоа Али Јасим во 44-тата минута и Моханад Абдулрахем во 52-рата минута.

И покрај поразот, Ал-Итихад останува прв во својата група во азиската Лига на шампиони со девет поени од четири натпревари.

- Оглас -

Најнови вести