Атлетико со сеир до Барса, испрати „понуди“ за Педри, Јамал и Рафиња!

Атлетико Мадрид на социјалните мрежи објави монтирани фотографии од ѕвездите на Барселона, Педри, Ламин Јамал и Рафиња, во дресот на Атлетико, и во стилот на новинарот Фабрицио Романо порачаа: „Here We Go“.

Се разира ова е шега, Атлетико нема намера да испрати понуди за тројцата членови на Каталонците, но испратена е порака дека им е преку глава од шпекулациите поврзани со можен трансфер на Хулијан Алварес од Атлетико во Барса.

„Ни требаа само пет минути да ги направиме овие слики и лажниот пост. Јаа испративме нашата понуда за трансфери до Барселона преку факс: четири билети за концертот на Бед Бани утре, едногодишна претплата за ABC и кеса семки од сончоглед. Со нетрпение очекуваме одговор за да можеме да ја подготвиме „објавата. Живееме во време кога реалноста може да биде искривена. Не верувајте во сè што гледате, особено ако е поврзано со Барселона“, објавија од Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести