Тадиќ покажа дека е нешто повеќе од само добар фудбалер (Видео)

Ајакс победи со 2:0 на гостувањето кај Хераклес и се зацврсти на чело на табелата во првенството на Холандија. Клас јан Хунтелар погоди во првото полувреме, а Халер во вториот дел го потврди триумфот на гостите. Секако, еден од главните играчи кај Ајакс е и капитенот Душан Тадиќ, кој денеска беше заменет пред крајот на мечот.

Тадиќ на заминување од теренот, беше замолен од еден од фоторепортерите да му го подари дресот, а Србинот без многу двоумење застана се врати, го соблече дресот и му го подари на фоторепортерот.

 

- Оглас -

Најнови вести