Тага во фудбалскиот свет: Почина харизматичниот Силвио Берлускони!

Почина претседателот на фудбалскиот клуб Монца и некогашен италијански премиер Силвио Берлускони. Харизматиниот и контроверзен Берлускони имаше 86 години, а најпознат е како човекот кој го вивна Милан во европските височини кон крајот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век.

Смртта го затекна како прв човек на клубот Монца. Почина во болница во Милано откако ја загуби битката со леукемијата.

Под негово водство, Милан во 1986 година се спаси од згаснување и веднаш потоа почна златната ера на Росонерите со пет титули во Лигата на шампионите и осум освоени трофеи во италијанското првенство. Со Берлускони како претседател, Милан освои 29 трофеи за 31 години.

- Оглас -

Најнови вести