Легендарниот италијански напаѓач Салваторе Тото Скилачи денес почина на 59-годишна возраст откако ја загуби битката со тешката болест, поради која беше хоспитализиран во болницата во Палермо.
„Сакаме да ве информираме дека на 18.09.2024 во 9:55 часот почина господинот Салваторе Скилачи, кој беше хоспитализиран во оваа болница. Менаџментот и персоналот се со семејството на големиот шампион“, се вели во официјалното соопштение од болницата.
Тото Скилачи во својата кариера настапуваше за Месина, Јувентус, Интер и Џубило Ивата. Со Јувентус и Интер го освојуваше Купот на УЕФА, а со Старата дама има и трофеј од Купот на Италија. Со Џубило Ивата беше шампион на Јапонија, а со репрезентацијата на Италија стигна до бронзата на Светското првенство во 1990, каде што беше и најдобар стрелец со шест гола.