Тројца навивачи на Севилја кои со автомобил патуваа кон Мадрид за да го бодрат својот омилен тим на вечерашното гостување кај Атлетико во четвртфиналето на Купот на Шпанија загинаа на автопат.
Фудбалерите на Севилја вечерва ќе играат со црн флор на дресовите во знак на тага и почит кон нивните несреќни фанови кои настрадаа, а треба да има и едноминутно молчење пред почетокот на мечот.
Во тешката сообраќајка во близина на Сиудад Реал (на половина пат од Севилја до Мадрид), во дел од автопат каде што имало густа магла, има 18-мина повредени лица, некои од нив со многу тешки повреди, а најлошо минаа овие тројца кои патуваа заедно (двајца се татко и син, третиот веројатно нивен пријател) и загинаа околу 9.40 часот утрово.