Тајсон Фјури против непоразениот Германец најавува ново шоу

По седум месеци пауза, Тајсон Фјури повторно влегува во рингот. Непобедливиот британски боксер, ноќеска ќе боксува против Германецот Том Шварц. Популарниот Цигански крал е голем фаворит против Шварц, кој нема пораз во кариерата, но сепак, досега никогаш не боксувал на највисокото ниво.

„Ова е тешка категорија и Том Шварц многу добро знае дека ќе стане мултимилионер ако успее да ме победи. Ако ме победи, сите негови соништа ќе се остварат. Сепак, јас сум кралот во тешка категорија. По пет секунди од почетокот на борбата, точно ќе знам што треба да му направам“, вели Фјури.

На последниот меч против Вилдер, Фјури доминираше во текот на сите 12 рунди, но фактот дека два пати беше во нокдаун, му ја скрати радоста и тој меч на шампионите заврши без победник. Шварц има 18 победи со нокаут и шест триумфи на бодови, а важи за агресивен боксер, кој постојано сака да напаѓа, но тешко дека ќе се осмели против Фјури да биде тој кој ќе го диктира ритамот на мечот.

На последното мерење на двајцата боксери, повторно Фјури направи своевидно шоу, а двајцата боксери беа некако пријателски расположени.

Освен овој меч, вечерва во Лас Вегас ќе има вкупно осум атрактивни боскерски мечеви, а сите се на понудата на Sport Life обложувалниците.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести