Тајсон си признава: Против Мухамед Али само на видеоигра можам да победам

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, повторно е активен во рингот, но на виртуелен начин. Името на Тајсон го има меѓу боксерите како дел од видеоигрите. Во недостаток на вистински спортски возбудувања, се организираат борби на видеоигри.

Во еден од виртуелните мечеви, Тајсон боксуваше против Мухамед Али, а Челичниот Мајк коментираше дека во реална борба никогаш не би можел да го победи легендарниот боксер.

„Знам дека тоа е само фантазија и дека само тука на видеоигра можам да го победам Мухамед Али. Во реална борба никогаш немаше да имам шанси. Али е најголемиот боксер кој некогаш се појавил во рингот“, изјави Тајсон.

И Али и Тајсон повеќе од 20 години поминаа во рингот. Тајсон кариерата ја заврши со 50 победи од 58 меча, додека Али се радуваше на 56 триумфи во 61 меч. Легендарниот Али почина во 2016 година на 74 години.

- Оглас -

Најнови вести