Аргентинскиот лев бек Валентин Барко веќе во зимскиот преоден рок треба да стане нов фудбалер на Манчестер сити. Тој во моментов е стандарден член на Бока јуниорс, а на „Етихад“ се очекува многу од него, пред сè поради големите проблеми кои ги има Пеп Гвардиола на позицијата лев бек.
За таа цел од Манчестер сити на фудбалерот му испратиле план за исхрана, па фудбалерот ја покачил својата тежина најпрво од 64 на 70 килограми, а потоа и на 74 килограми, колку што барале од Манчестер сити да има.
Барко во моментов вреди 3,5 милиони евра според Трансфермаркет.