Така работи Астон Мартин: Светски шампион го менува светскиот шампион

Фернандо Алонсо ќе вози за Астон Мартин од сезоната 2023. Шпанскиот ветеран се согласи на повеќегодишен договор и ќе биде замената за Себастијан Фетел кој по крајот на сезоната оди во пензија.

Британскиот тим експресно најде замена за поранешниот четирикратен светски првак, ни помалку ни повеќе, во возачот со две светски титули освоени во 2005 и 2006 година.

Алонсо и на 41 година не планира да застане со трките од најбрзиот мото-циркус во светот. Понудата на Астон Мартин ја прифати бидејќи му ја осигурува иднината, нешто што тимот на Алпина не можеше да му гарантира.

- Оглас -

Најнови вести