Тамам се разигра, пак се повреди – Најдобриот асистент во Премиер лигата има мака со препоните

Кевин де Бројне нема да игра против Динамо Загреб вечерва од 21 часот на „Етихад“, во меч од второто коло по групи во Лигата на шампионите, поради проблеми со препоните.

Одличниот белгиски репрезентативец лани пропушти добар дел од сезоната, а повредите не го одминуваат и сега. Тамам почна да игра на препознатливо ниво, повторно се повреди на последниот дуел од Премиер лигата што Манчестер сити го доби против Евертон со 3:1 на гости.

Белгиецот беше заменет во 80-тата минута, а сега неизвесно е дали и колку ќе паузира. Досега во 7 одиграни кола во најсилната англиска лига, Де Бројне е убедливо најдобар асистент со 8 прецизни додавања за гол, а и самиот двапати ја тресеше мрежата на противниците.

Од Манчестер сити најавија дека белгискиот репрезентативец ќе оди на дополнителни прегледи за да се утврди степенот на повредата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести