Таман си е – Руски клуб со еден трансфер се засили со Маркс и Ленин

Рускиот второлигаш Акрон Толјати ангажираше супер засилување во битката за опстанок, а новиот играч има и легендарни имиња, Маркс Ленин.

Се работи за Бразилецот од Фламенго, Маркс Ленин Дос Сантос Гонкалвеш, кој има 20 години, а пристигна во рускиот клуб во последните моменти од преодниот рок.

Во 2017 година во интервју за „Глобоеспорте“, Маркс Ленин објасни дека името и презимето му се случајно одбрани од неговиот татко и мајка.

„Татко ми се вика Маркес, па некако се направи комбинација со името, а според кажувањата на моите родители докторот сугерирал по породувањето да ме именуваат како Маркс. За да не биде едно име додадено е и Ленин, па така станав познат по двете имиња на познати личности од историјата“, вели Гонкалвеш.

Тој е играч од средината на теренот и ќе се обиде да му помогне на Акрон Толјати да се извлече од опасната зона за испаѓање во продолжението од првенството во Втората руска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести