Taмпа беј се чувствува како домаќин на теренот од Торонто

Дербито на вечерта во НХЛ-лигата се одигра во Торонто, а лидерот од Источната конференција, Тампа беј лајтнинг запиша нов гостински триумф со конечни 1-3 против „јаворовите листови“. На хокеарите на Тампа беј многу им одговара мразот во Торонто бидејќи го запишаа шестиот триумф во осмото гостување кај канадската франшиза.

Гостите мораа да се вадат од негатива откако Марнер го затресе голот на Тампа беј во петтата минута од првиот период. Сепак, погодоците на Стамкос и Килрон го најавија пресвртот, а најефикасниот играч за регуларниот дел, Никита Кучеров, ја реши средбата во последната минута реализирајќи го 126-тиот бод сезонава.

Колорадо аваланш со погодокот на Ерик Џонсон во втората минута од дополнителното време славеше против Винипег џетс со 3-2 и ја оствари 38-мата овосезонска победа, со која обезбеди место во плејофот.

Домаќините на десетина минути пред крајот на средбата успеаја да ја надополнат предноста од два гола на Џетси, па на Џонсон му беа потребни две минути за да го најде патот до клучниот триумф за неговата екипа.

Останати резултати НХЛ: 

Бафало сејберс – Отава сенаторс 5-2

Каролина хурикејнс – Њу Џерси девилс 3-1

Флорида пантерс – Њујорк ајлендерс 1-1 (0-1 на пенали)

Питсбург пингвинс – Детроит ред вингс 4-1

Вашингтон капитолс – Монтреал канадиенс 2-1

Минесота вајлд – Бостон бруинс 0-3

Нешвил предаторс – Ванкувер канукс 3-2

Сент Луис блус – Филаделфија флаерс 7-3

Едмонтон ојлерс – Сан Хозе шаркс 2-3

Вегас голден најтс – Аризона којотс 1-4

 

- Оглас -

Најнови вести