Тарковски во 98-та минута му го одзеде триумфот на Ливерпул на последното градско дерби на „Гудисон парк“, па имаше и тепачка (Видео)

Евертон во 98-та минута спаси бод во градското дерби на „Гудисон парк“ против Ливерпул играјќи 2-2. Тоа е и последното дерби меѓу овие два тима на легендарниот стадион. Стрелец на израмнувачкиот гол беше Џејмс Тарковски во 98-та минута, а потоа следеше и драма при ВАР-проверката.

Евертон поведе на почетокот од мечот со голот на Бето во 11-та минута, но само пет минути подоцна израмни Алексис Мекалистер.

Мохамед Салах донесе предност за Ливерпул во 73-та минута, но и тоа не беше доволно за триумф, затоа што Тарковски погоди за израмнување.

На крајот, проработеа и емоциите, па се случи и тепачка меѓу фудбалерите.

Ливерпул сега има седум бода предност на врвот на табелата пред второпласираниот Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести