Таткото купи од синот крило за 17 милиони евра

Жерард Делофеу (26) од Вотфорд направи дефинитивен трансфер во Удинезе. Некогашниот фудбалер на Барселона, Милан, Евертон, Севилја и Вотфорд, е дете на каталонскиот гигант, но таму не ги исполни очекувањата како еден од најголемите таленти во школата „Ла Масија“.

Вотфорд го купи Делофеу во летото 2018 година за 13 милиони евра. Газда на Стршените е Џино Поцо, син на Џампаоло Поцо, првиот човек на Удинезе. Каталонецот беше позајмен уште летоска, но сега таткото го откупи Делофеу од синот за 17 милиони. Договорот на Делофеу со фриулијаните е до 30 јуни 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести