Таткото на Хабиб повторно во кома

Здравствената состојба на таткото на непоразениот руски борец Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, повторно е влошена и тој повторно е приклучен на апарат за дишење. Пред неколку дена, таткото на Хабиб се чувствуваше подобро, но од вчера повторно е во кома и состојбата му е критична.

Абдулманап Нурмагомедов е инфициран од корона-вирусот и од 25-ти април се наоѓа во болница во една од воените клиники во Москва. Тој повторно не може сам да дише, ставен е на респиратор, лекарите се борат за неговиот живот, а проблемот е што имаше и операција на срцето, па корона-вирусот дополнително му ја влошува ситуацијата.

Некои роднини на Хабиб починаа од компликации од корона-вирусот и тој им се заблагодари на сите за поддршката.

- Оглас -

Најнови вести