Тажна вест од Австралија, почина поранешен репрезентативен голман на Македонија (Фото)

На 46-годишна возраст почина поранешниот голман на македонската фудбалска репрезентација Гоце Груевски. Оваа вест ја објавија од неговиот австралиски клуб Прејстон лајонс Македонија, каде што Гоце работеше како тренер на голманите.

Груевски имаше 8 настапи за репрезентацијата, од кои три беа на официјални мечеви во квалификациите за СП 2002, а пет на пријателски. Тој беше член на повеќе македонски клубови, а најдобрите партии ги прикажуваше на голот на Победа Прилеп од 1997 до 2000 година. Бранеше и за Вардар, Работнички, Беласица и Слога Југомагнат. Кариерата ја заврши во 2009 година во Австралија, а последен ангажман му беше тренер на голманите на Лавовите од Престон.

Нека почива во мир!

- Оглас -

Најнови вести