Вријат навивачите на Челзи: Како е можно Тејлор и ВАР да не видат фаул над Хаверц и кубење за коса на Кукурелја од Ромеро? (Видео+Фото)

Навивачите на Челзи се бесни по двете контроверзни одлуки на судијата Ентони Тејлор, но и на неговите колеги од ВАР собата и сметаат дека двапати се драстично оштетени при головите на Тотенхем за реми 2:2 во лондонското дерби.

Најпрво во 68. минута при израмнувачкиот гол на Емил Хојбјерг за 1:1, Каи Хаверц според нив беше фаулиран во истата акција, а потоа и Хари Кејн беше во офсајд и на линија на движењето на топката, која влезе во голот на Менди.

Челзи двапати водеше со головите на Кулибали и на Џејмс, но не победи, а Кејн со погодок во 96. минута им ја скуси радоста.

Но и за тој гол симпатизерите на Челзи имаат лавина од реакции, а се однесува на кубењето за коса од страна на Ромеро, кој очигледно го повлече за коса Марк Кукурелја.

Дербито беше исклучително возбудливо и донесе многу жар и на терен, но и покрај него па двапати ќе се степаа тренерите Томас Тухел и Антонио Конте и на крајот добија и црвени картони веднаш по мечот кога речиси се фатија за гуша.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести