Контроверзен гол на Тотенхем ги скара до тепачка Конте и Тухел (Видео)

Тотенхем израмни со убавиот гол на Емил Хојбјерг против Челзи во лондонското дерби, а погодокот што на некој начин е и контроверзен предизвика конфилкт меѓу Томас Тухел и Антонио Конте, што за малку ќе прераснеше и во тепачка.

Двајцата тренери сепак беа навреме раздвоени, а голот на Хојбјерг за 1:1 беше долго прегледуван со помош на ВАР системот и на крајот сепак беше признат.

Претходно спорен беше дуелот во која Хаверц бараше фаул, а потоа спорно беше дали Хари Кејн му пречеше на голманот Менди на патот на топката до мрежата.

Веднаш по израмнувачкиот гол на Хојбјерг, Челзи повторно даде гол, стрелец беше Џејмс за 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести