Бесно дерби во Лондон – Кејн погоди во последен момент, Конте и Тухел двапати се фатија за гуша (Видео)

Хари Кејн е јунакот на Тотенхем и со гол во последен момент му донесе реми 2:2 на својот тим против Челзи во лондонското дерби.

Кејн израмнни со гол во 96. минута, а мечот го одбележаа неколку моменти, меѓу нив и двојниот конфликт меѓу тренерите Томас Тухел и Антонио Конте.

Вториот дуел, веднаш по завршувањето на мечот беше многу поопасен и за малку ќе дојдеше до тепачка на двајцата менаџери, кои се закачија и во 70. минута од мечот.

Добија црвени картони по завршувањето на дербито, а сигурно ќе има и дополнителни казни.

Челзи двапати водеше со головите на Кулибали и Џејмс, а гостите израмнуваа со погодоците на Хојбјерг и на Кејн.

 

https://twitter.com/StokeyyG2/status/1558861675058679808?s=20&t=VquUBPmz7n7uc4KQ9C7RtA

 

Конте сепак не најде чаре за победа на тврдината наречена Стемфорд Бриџ и теренот на Челзи остана неосвоив бастион за Тотенхем.

Во последните 37 натпревари кога Челзи бил домаќин против Тотенхем, Сините загубиле само еднаш и тоа во август 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести