Тејтум ги уништи Ембид и Харден и по трет пат во последните четири години ќе игра против Батлер за влез во големото финале

Бостон селтикс е последниот учесник во конференциските финалиња во НБА-лигата откако во седмиот одлучувачки натпревар ја совлада Филаделфија сиксерс со 112:88.

Бостон во финалето на Источната конференција ќе игра против Мајами хит и тоа ќе биде нивна трета меѓусебна пресметка во последните четири години по која ќе го дадат финалистот од Истокот.

https://twitter.com/currypistonn/status/1657863645970284545?s=20

Апсолутен херој на Бостон беше Џејсон Тејтум, кој го собори рекордот на Стеф Кари поставен во првата рунда во плејофот кога станува збор за најмногу постигнати поени во седмиот одлучувачки натпревар.

Тејтум мечот го заврши со 51 постигнат поен и за еден поен го надмина рекордот на Кари.

Одлучувачки момент за победникот беше третата четвртина која Бостон ја доби со неверојатни 33:10, притоа правејќи серија од 28:3.

Покрај Тејтум, добра партија прикажа и Џејлен Браун, кој постигна 25 поени.
Кај Филаделфија целосно потфрлија најголемите ѕвезди, Џоел Ембид и Џејмс Харден. Ембид, кој беше прогласен за МВП на регуларниот дел и беше најдобар стрелец во лигата, постигна само 15 поени, додека Харден даде само девет поени.

- Оглас -

Најнови вести