Тен Хаг го испофали Мегваер: Ваков Хари сакаме, доминираше, добро ја читаше играта

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, беше задоволен од изданието на дефанзивецот Хари Мегваер на синоќешното гостување кај Шефилд јунајтед. Мегваер во последните сезони многу често прави киксеви и навивачите не сакаат да го гледаат во составот, но полека почнува да ја враќа формата.

„Хари играше како што сакаме да игра. Беше доминантен против ривалите. Среќен сум од неговата игра. Заслужи да биде играч на мечот вчера. Одлично ја читаше играта, одигра навистина добро“ – рече Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести