Поранешниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг, го одбил предлогот за враќање на кормилото на клубот од Амстердам, пренесуваат холандските медиуми. Минатата недела Ајакс го отпушти Џони Хејтинга поради слабиот старт на сезоната, по што името на Тен Хаг веднаш се најде меѓу главните кандидати за наследник.
Иако две страни оствариле конкретни разговори околу можноста за негово враќање, според информациите, 55-годишниот стратег проценил дека моментната ситуација во клубот е премногу нестабилна и дека условите не се погодни за изградба на конкурентен тим.
Извори блиски до клубот откриваат дека техничкиот директор Алекс Кроес вчера имал средба со Тен Хаг, на која тренерот јасно ставил до знаење дека нема да го прифати понудениот ангажман, и покрај неговиот исклучително успешен претходен период во Ајакс (2018–2022), кога освои три шампионски титули и стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2018/19.
Во отсуство на постојан тренер, екипата ја предводеше привремено Фред Грим на натпреварот против Утрехт, кој заврши со пораз од 2:1. По мечот, Грим изјави дека сè уште не е сигурен дали ќе остане на позицијата по репрезентативната пауза.
Во моментов, Ајакс се наоѓа на четвртото место во холандското првенство со 20 бодови, 11 помалку од лидерот ПСВ Ајндховен.

