Тенисер дисквалификуван поради истата грешка што ја направи Ѓоковиќ (Видео)

Американскиот тенисер Тени Сандгрен е дисквалификуван од АТП Челенџ турнирот откако случајно со топчето го погоди линискиот судија. Овој инцидент потсети на тоа што го направи Новак Ѓоковиќ минатата година на ОП на САД, кога со топче несреќно удри еден од линиските судии, па Србинот беше исклучен од гренслемот во Њујорк.

Последниот инцидент во којшто беше погоден линиски судија се случи на самиот почеток на мечот. На Сандгрен му беше додадено топче, а тенисерот го удри со рекетот. Топчето се одби од оградата и го удри линискиот судија.

https://youtu.be/TEh1_CaRlQw

„Добив удар со топче во тестисите од собирачот на топчиња, па потоа јас го удрив топчето, тоа се одби од оградата и заврши во задникот на линискиот судија. Каква беше вашата вечер?“, напиша Сандгрен на својот твитер-профил.

 

- Оглас -

Најнови вести