Тенисер среде поен замина во тоалет (Видео)

Бизарна ситуација го одбележа мечот од второто коло на Отвореното првенство на САД меѓу Американецот Крис Јубанкс и Бенжамeн Бонзи од Франција.

Во четвриот сет, при резултат 5:5 во гемови, Јубанкс му се пожали на судијата дека мора да оди во тоалет. Тој го праша судијата дали може да го предаде гемот.

„Ако ме казните за секој поен во гемот, плус да земам пауза за тоалет, колку време би добил? Значи да го жртвувам гемот за да одам во тоалет?“, го праша Јубанкс, главниот судија.
„Сега?“, го праша судијата тенисерот.
„Да, колку време би добил?“.
„Не би имал многу време“, одговори судијата.
„Не? Дури ниту за еден гем плус пауза за тоалет?“, повторно праша Јубанкс.
„Би имал време колку што трае паузата при резултат 6:5“, одговори судијата.

https://twitter.com/SBRReview/status/1696992170903818293?s=20

 

По разговорот, Јубанкс се врати на теренот и одигра еден поен. Последниот поен во гемот не го доигра бидејќи отрча во тоалет додека топчето сè уште беше во игра.

Кога се врати на теренот, Јубанкс го освои гемот на свој сервис и го однесе сетот во тај-брејкот, кој го загуби со 9:7. На крајот, Французинот Бонзи славеше со 7:6,2:6,6:2,7:6.

- Оглас -

Најнови вести