Тенисерките се скараа за поенот кој го одлучи мечот (Видео)

Паула Бедроса ја победи Полона Херцог во меч од четвртфиналето на ВТА турнирот во Истанбул. Дуелот беше многу неизвесен и мораше да се реши во три сета. На крајот тенисерката од Шпанија победи со 4:6, 6:3, 6:4. Поразената Херцог не го прифати најспортски поразот и по завршување на дуелот воопшто не сакаше да и честита на противничката.

Целиот проблем се случи кога во решавачкиот трети сет при резултат 4:4 во гејмови и 40:40 во поени, се случи спорен момент. По еден поен, Херцог бараше аут, а судијката на стол досуди поле и поен за Бедроса. Херцог се налути, ја загуби концентрацијата, па го загуби и гејмот, а потоа и мечот со 6:4.

Кога требаше двете тенисерки да се поздрават со рекетите, Херцог луто се тргна, а Бедроса остана зачудена од реакцијата на противничката. За да докаже дека е во право околу спорниот поен, Херцог по мечот реши со мобилниот телефон да го фотографира местото каде што завршило топчето кое според нејзе било во аут.

 

- Оглас -

Најнови вести