Тенисот уште трпи последици од корона-вирусот: Повторно откажан Индијан велс

Од САД пристигнаа лоши вести околу првиот Мастерс 1000 турнир во сезоната 2021. Индијан велс втора година по ред нема да се одржи поради корона-вирусот, и покрај најавите дека дотогаш во употреба би требало да се појави вакцината за корона-вирусот.

Откажувањето на Индијан велс го наруши календарот за 2021 година, а исто така нема да се одржи ниту Мастерс турнирот во Рио. Останува прашањето дали Отворениот турнир во Мајами воопшто ќе се врати во натпреварувачки погон во иднина.

Во меѓувреме, Мадрид опен официјално го постави 27 април како датум за старт на турнирот, а во меѓувреме Отвореното првенство на Австралија, или првиот гренслем во годината ќе се одржи во февруари, речиси еден месец подоцна од стандардниот термин.

- Оглас -

Најнови вести