Терачано го частеше Милан, ВАР ја потврди победата на шампионот во 92 минута (Видео)

Милан успеа на драматичен начин да ја победи Фиорентина со 2:1 на „Сан Сиро“, а голманот на гостите Пјетро Терачано ги частеше шампионите победнички гол во 92. минута.

Запишан е како автогол на Никола Миленковиќ, но голманот на Фиорентина направи голем кикс и во дуел ја промаши топката, која го погоди стоперот на Виолетовите и донесе голема радост во Милано.

Актуелниот шампион на Италија поведе со голот на Рафаел Леао по само една и пол, минута од стартот на мечот.

Сепак Фиорентина не се предаде и не се повлече, па со голот на Барак во 28. минута израмни на 1:1, а гостите дури беа и подобар ривал, но на крајот на драматичен начин загубија.

Милан ќе ја чека паузата на второто место со 33 бода, 8 помалку од лидерот Наполи.

 

- Оглас -

Најнови вести